Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми го победи Италијанецот Флавио Коболи, и тоа со убедливи 6:1, 6:2 во меч кој траеше само еден час на Мастерсот во Шангај. Коболи пред дуелот изјави дека Ѓоковиќ е негов идол, а на теренот едноставно не можеше да му парира на Србинот.
Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Русинот Роман Сафиулин, кој по голема борба беше подобар од фаворизираниот Френсис Тијафо. Повеќе од три часа траеше мечот кој на крајот заврши со 5:7, 7:6, 7:6 за Сафиулин.
Тијафо не можеше спортски да го прифати поразот, па веднаш по завршување на дуелот, целиот гнев го истури врз главниот судија, кому на сиот глас неколку пати му порача „Е*и се, е*и се…“.
— Tennis Highlights (@TennisHigh61330) October 8, 2024