Фудбалските фанови шокирани, што добиваа за сендвич од 14 евра на стадионот на Вест хем (Фото)

На една од најпознатите фејсбук-страници за љубителите на храна која е купена на фудбалски натпревари, FOOTY FOOD, главен хит е сендвичот купен на стадионот на Вест хем.

Лондонскиот тим на свој терен играше против Ипсвич и славеше со 4:1 во рамките од седмото коло, а еден навивач останал шокиран кога видел за каков сендвич платил 11,5 фунти (13,68 евра). Се работи за лепче во кое има едно потпечено парче сланина.

Реакциите на овој пост се дека се работи за „грабеж“ и дека „ако сте доволни глупави, ќе го платите тој сендвич“.

- Оглас -

Најнови вести