Конор Мекрегор заработи 1,2 милиони евра и порача „Ако не ризикуваш, не можеш да пиеш шампањ“

Еден од најдобрите ММА борци на сите времиња, Конор Мекрегор веќе некое време е надвор од октагонот, но сепак внимателно ги следи сите најважни случувања во овој спорт.

Преку својот профил на социјалните мрежи, Мекрегор се пофали дека успеал да заработи 1.200.000 евра, и тоа со погодување на исходот од само една борба. Ирецот се обложил на дуелот меѓу Алекс Переира и Халил Раунтрија на УФЦ 307, а прогнозата била дека Переира ќе победи со ноакут.

Без многу изненадувања, Переира го „прати на спиење“ противникот, нешто што и беше очекувано ако се знае дека квотата за таков исход беше 1.20. На оваа сигурица, Мекгрегор вложил дури еден милион евра, па затоа и добивката е 1.200.000 евра, односно чиста заработка од 200.000 евра.

При постирањето на добитниот тикет, пораката на Мекрегор беше едноставна „Ако не ризикувате, нема да пиеше шампањ.“

 

- Оглас -

Најнови вести