Шок за Сити сред сезона: После 13 години си заминува креаторот на историските успеси

Еден од најзаслужните за историските успеси на Манчестер сити, спортскиот директор Чики Бегиристаин, на крајот од сезоната си заминува од клубот. Шпанецот веќе 13 години беше задолжен за ангажманот на тренерите и фудбалерите, па иако не вложуваше пари во проектот наречен Манчестер сити, сепак, е најзаслужен за успесите на „граѓаните“.

Според првичните информации, Бегиристеин заминува во пензија, но неофицијално се шпекулира дека причината е судењето против Манчестер сити и жестоката казна која ќе следува поради 115-те обвиненија против клубот.

- Оглас -

Најнови вести