Ракометарите на Вардар успешно дебитираа во групната фаза од Лигата на Европа откако на првиот меч против Валур на домашен терен забележаа убедлива победа од 33-26.
Вардарци освен на почетокот, кога беше израмнето, доминираа во текот на целиот меч, а се чини дека натпреварот го добија кон средината на првиот дел, кога ракометарите на Валур седум минути не постигнаа гол, а Вардар се одлепи на +6, односно 13-7. До крајот на полувремето оваа разлика се зголеми на 19-11.
Во второто полувреме скопските Црвено-црни одиграа рутински и успеаја да ја сочуваат високата предност и да победат со 33-26. Марко Срдановиќ и Вуко Борозан беа најефикасни во редовите на Вардар со по шест гола.