Нов скандал во Турција: Протекоа снимки од судијка и делегат од соблекувалната на еден клуб (Фото)

Нов фудбалски скандал ја тресе Турција, овојпат не се работи за инциденти помеѓу навивачите на стадионите, туку за секс-скандал помеѓу судијка и делегат, кои се снимени во соблекувалната на еден од клубовите.

Станува збор за 24-годишната судијка Елиф Караарслан и 61-годишниот делегат Орхан Ердемир. Според видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи, тие имаат љубовна афера, но и двајцата негираат такво нешто и велат дека тие не се луѓето од видеото. Сепак, и покрај тоа, Фудбалскиот сојуз на Турција ги суспендира, но и подготвува тужба за нарушениот углед.

Судијката Караарслан е поранешна фудбалерка на Бешикташ, која ја завршила кариерата поради тешка повреда, но одлучила да остане ви фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести