Недановски: Одигравме одлично прво полувреме, а очекував повеќе луѓе да дојдат во салата

Ракометарите на Вардар на одличен начин ја отворија новата сезона во Лигата на Европа совладувајќи го на домашен терен исландскиот тим Валур со 33-26. Tренерот Владо Недановски по мечот истакна дека е задоволен од триумфот.


Сепак, тој смета дека Вардар требаше да има и поголема поддршка од трибините.

„Драго ми е што повторно во „Јане Сандански“ гледаме европски ракомет. Очекував повеќе луѓе во салата, но очигледно дека само тие што навистина го сакаат Вардар беа присутни. Одигравме одлично прво полувреме, посебно во одбраната. Ги искористивме нашите можности да постигнуваме лесни голови, но загрижен сум бидејќи одигравме само одлично прво полувреме. Во второто полувреме потрфрливме. Мора да работиме многу понапорно и да подобриме неколку работи“, изјави Недановски.

- Оглас -

Најнови вести