Офанзивниот играч за врска на Челзи, Кол Палмер, беше избран за „играч на годината“ во репрезентацијата на Англија. Дваесет и двегодишниот фудбалер ја освои наградата пред Џуд Белингам и Букајо Сака, кои останаа на втората и на третата позиција во изборот.
Палмер дебитираше за англискиот национален тим во ноември 2023 година, на натпреварот против Малта на „Вембли“. Досега има одиграно девет натпревари за Англија, на кои постигнал два гола. Пет од тие натпревари беа за време на ЕВРО 2024, каде што тој со англискиот тим го освои сребрениот медал.
There was only one place for the occasion. 🧊
— England (@England) October 8, 2024
Presenting Cole Palmer as your England Men's Player of the Year connected by @EE… with the help of John Stones! 🏆 pic.twitter.com/pJX98ss81M
Продорот на Палмер во репрезентацијата дојде по одличната сезона што ја имаше во Челзи. Тој стана првиот играч на Сините што ја освојува оваа награда по Ешли Кол во 2010 година.
Победникот на анкетата беше одреден преку гласање на фановите, кои можеа да го дадат својот глас за секој играч што учествувал најмалк у во 50% од натпреварите на Англија во периодот од септември 2023 до јули 2024 година.
2003 – Дејвид Бекам (Манчестер јунајтед)
2004 – Френк Лампард (Челзи)
2005 – Френк Лампард (Челзи)
2006 – Овен Харгрејвс (Баерн)
2007 – Стивен Џерард (Ливерпул)
2008 – Вејн Руни (Манчестер јунајтед)
2009 – Вејн Руни (Манчестер јунајтед)
2010 – Ешли Кол (Челзи)
2011 – Скот Паркер (Тотенхем)
2012 – Стивен Џерард (Ливерпул)
2014 – Вејн Руни (Манчестер јунајтед)
2015 – Вејн Руни (Манчестер јунајтед)
2016 – Адам Лалана (Ливерпул)
2017 – Хари Кејн (Тотенхем)
2018 – Хари Кејн (Тотенхем)
2019 – Џордан Хендерсон (Ливерпул)
2020-21 – Калвин Филипс (Лидс)
2021-22 – Букајо Сака (Арсенал)
2022-23 – Букајо Сака (Арсенал)
2023-24 – Кол Палмер (Челзи)