Лео Меси и Луис Суарес во трка за најдобар играч во МЛС-лигата

Напаѓачите на Интер Мајами, Лионел Меси и Луис Суарес, се борат за наградата за најкорисен играч на сезоната во МЛС-лигата на САД и Канада.

На списокот се вклучени вкупно 34-ица номинирани. Гласањето ќе трае до 21 октомври. Уругвајскиот напаѓач е исто така меѓу кандидатите за наградата за најдобар нов играч на сезоната.

Триесет и седумгодишниот Меси има одиграно 18 натпревари во МЛС-лигата оваа сезона, на кои постигна 17 гола и запиша 15 асистенции. Триесет и седумгодишниот Суарес има одиграно 26 натпревари, на кои постигна 18 гола и имаше седум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести