Петте предлози од денешните Квоти на денот прават вкупен коефициент од 43.50. Миксот е интересен, од натпревари од квалификациите за фудбалските селекции до 19 години, меѓу кои и настапот на Македонија, преку Далечниот Исток, женската Лига на шампиони, па до Евролигата.
Првиот предлог е дуелот меѓу Албирекс Ниигата и Кавасаки, а квотата е 1.95 ако на натпреварот има најмалку еден, а најмногу три гола во двете полувремиња.
Швајцарија и Финска во дуелот на селекции до 19 години носат квота 2.20 доколку Швајцарците не загубат, а двете екипи постигнат најмалку по еден гол.
Македонија У19 игра против Летонија, а доколку победи и биде постигнат најмалку еден гол во второто полувреме, квотата е одлична, 2.60.
Црвена ѕвезда ја пречекува Басконија во Евролигата и можете да добиете квота 2.00, доколку Црвено-белите водат на полувремето и на крајот го добијат овој натпревар.
Последниот предлог е од женската Лига на шампиони. На дуелот Манчестер сити – Барселона, квотата на денот нуди коефициент 1.95 доколку двете екипи постигнат по еден гол, а најмалку еден гол има и во двете полувремиња.