Јирген Клоп си најде нова работа, нема да биде тренер

Германскиот тренер Јирген Клоп ќе стане глобален директор за фудбал во Ред Бул, а оваа промена ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година, што беше официјално потврдено од компанијата. Претходно веста ја објави новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.


Се тврди дека Клоп веќе потпишал долгорочен договор.

Стручњакот ќе има интересна клаузула во неговиот договор. Таа ќе му овозможи да ја напушти новата позиција доколку се укаже можност да стане селектор на Германија – работа за која Клоп е споменуван со години.

Од јануари, Клоп ќе ги советува сите клубови под капата на Ред Бул (Лајпциг, Салцбург, Њујорк Ред Булс и други) за тренерски прашања, филозофија на играта, развој и трансфери на таленти/тренери и слични теми. Заслугата за неговото ангажирање главно му припаѓа на Оливер Минцлаф, актуелниот главен извршен директор за корпоративни проекти и инвестиции во Ред Бул.

Педесет и седумгодишниот Клоп замина од Ливерпул летово по девет години на чело на тимот од „Енфилд“. Оттогаш тој реши да земе пауза и изјави дека не сака да презема тренерска позиција во текот на една година.

- Оглас -

Најнови вести