Вчера веста на денот на „Етихад“ беше дека Чики Бегиристајн го напушта клубот по цели 12 години. Шпанецот е еден од најдобрите спортски директори во историјата на фудбалот бидејќи претходно испиша златни страници и со Барселона од 2003 до 2010 година.
Сепак, почувствувал дека е време да се повлече и своето место да го препушти на некој друг, а најголеми шанси да го наследи има – Хуго Вијана.
Станува збор за легендарниот Португалец, кој во моментов е спортски директор на Спортинг Лисабон, каде што, во тандем со Рубен Аморим, создаде силен тим на „лавовите“.
Хуго Вијана донесе неколку значајни засилувања, како Ѓокереш, Диоманде и Хјулманд, кои се цел на европските гиганти.
Вијана веднаш ќе ја добие и најтешката можна задача, а тоа е да го донесе Џамал Мусијала, кого во Манчестер сити го гледаат како главен заменик за Кевин де Бројне.
Германецот сè уште нема потпишано нов договор со Баерн Минхен, но Баварците го поставија неговиот потпис како апсолутен приоритет и веќе интензивно работат на преговорите. Баерн сака да го направи најплатен во тимот, заедно со Хари Кејн, па новиот спортски директор на Манчестер сити ќе има тежок предизвик да го убеди да дојде на „Етихад“.