Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јулијан Нагелсман, се соочува со големи проблеми во пресрет на натпреварите против Босна и Херцеговина и Холандија во Лигата на нациите. Дури осуммина фудбалери му откажаа, дел од нив поради повреда, а дел бидејќи не сакаат да играат.
Тер-Штеген, Хаверц, Коч, Мусијала и Фулкруг се повредени, Раум и Хенрих одбија да патуваат со репрезентацијата, а голманот Лено го одби повикот бидејќи селекторот не му ветил дека ќе биде стартер.
„Сакаме само играчи кои сакаат да бидат тука. Повикот во репрезентацијата мора да биде нешто свето и посебно, без разлика дали имате три или 100 настапи или дали имате 34 или 19 години. Местото во репрезентацијата е само за оние кои се идентификуваат со неа и чувствуваат страст. Ова не важи само за Лено. Ако некој не сака да биде тука, тогаш не мора да доаѓа. Имаме доволно фудбалери“, вели Кимих за ситуацијата во која се најде репрезентацијата на Германија.
Нагелсман мораше да повикува други фудбалери, а дури шестмина од нив се дебитанти и немаат ниту еден настап за Германија. Деби ќе очекуваат Нубел, Бауман, Бласвич, Баркарт, Клеиндстеин и Левелинг.