Шпанецот по Баерн, Ливерпул и Арсенал, го одби и Пеп Гвардиола: „Останувам тука!“

Манчестер сити е во активна потрага по замената за повредениот Родри, за кого заврши сезоната по повредата на коленото. Медиумите на Островот шпекулираат дека изборот на Пеп Гвардиола е фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, но 25-годишниот фудбалер веднаш ова го демантираше.

„Секогаш постојат гласини, но отсекогаш мислам дека најдобро за мене е да останам во Реал Сосиедад. Имам уште многу да му дадам на овој клуб, уште сакам да растам и да се развивам тука“, вели Зубименди.

Баскиецот во текот на целата своја кариера е дел од Реал Сосиедад, за првата екипа досега има одиграно 198 натпревари, на кои постигна девет гола и има седум асистенции. За репрезентацијата на Шпанија одигра 12 натпревари и беше дел од освојувањето на Европското првенство во Германија.

- Оглас -

Најнови вести