Големи промени на Вимблдон: По 147 години се менува едно правило

Најголемиот светски тениски турнир, Вимблдон, од следната година нема да има линиски судии за аутите, туку ќе премине на електронски систем за детектирање на аутот. Ова ќе значи голема промена на турнирот кој се одржува 147 години, а досега успеваше да оддолее на технологијата.

Електронскиот систем за аути првпат беше тестиран во 2017 година, а со појавата на пандемијата со ковид-19 доби широка употреба, а сега ќе биде применет и на Вимблдон. На турнирите на Отвореното првенство на Австралија и на Отвореното првенство на САД веќе подолго време го користат овој систем.

- Оглас -

Најнови вести