Балотели му се враќа на фудбалот, повторно ќе игра во италијанската Серија А

Поранешниот италијански репрезентативец, Марио Балотели, е без клуб откако летоска му истече договорот со турската екипа, Адана Демирспор. Се шпекулираше дека неколку екипи се заинтересирани за неговиот потпис, но до договор сепак не дојде.

Сега италијанските медиуми пренесуваат дека Балотели добил повик од славниот напаѓач, Алберто Џилардино, кој е тренер во Џенова и најверојатно ќе се врати во Серија А. Предоворите помеѓу Џенова и Балотели се во напредна фаза и наскоро се очекува официјализација на потписот.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1843973654704709895?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1843973654704709895%7Ctwgr%5E420ab171711f5a4ca93282364f95acf582d6446a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fbalotelli-pred-potpisom-za-novi-klub-dobio-je-poziv-legendarnog-napadaca%2F241009120

Марио Балотели во врвот на кариерата настапуваше за екипите на Интер, Манчестер сити, Ливерпул и Милан, и освои се што можеше да се освои во светот на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести