Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг на стадионот на Сконто во Рига, каде утре од 18 часот ќе го игра третиот меч од овој циклус во Лигата на нации. Треба да биде подобро од првото гостување во Торшавн, или токму каков што беше епилогот против Ерменија во Скопје.
Дури и подобро, да ги одбегнеме црвените картони и головите во нашата мрежа.
Селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди изразија оптимизам во пресрет на мечот, а сите останати кои се овде во Рига се максимално подготвени за реализација на целта.