Незапамтена трагедија: во базен се удави Англичанецот од Панатинаикос кој играше за Грција!

Грчкиот, а и светскиот фудбал е во шок, по веста дека 31-годишниот бек Џорџ Болдок е пронајден мртов.

Профилите на Панатинаикос и грчката репрезентација на социјалните мрежи од вечерва се обоени во црно.

Болдок беше фудбалер на Панатинаикос, а пред тоа седум сезони беше во Шефилд јунајтед и одигра 13 меча во минатата сезона во англиската Премиер лига. Болдок кој има грчко потекло, пред две години стана и грчки репрезентативец, а пред три дена играше 75 минути во големото дерби против Олимпијакос.

Според грчките медиуми, Болдок се удавил во базенот во дворот, а до него било пронајдено полупразно шише вотка. Сопругата на Болдок која живее во Англија се обидела да стапи во контакт со фудбалерот, но не успеала го известила газдата на куќата во населбата Глифада каде живее под кирија Болдок, и тој го пронашол безживотното тело на Џорџ.

Информациите се дека немало траги на насилство, обдукцијата ќе покаже како настанала трагедијата.

 

- Оглас -

Најнови вести