Рафаел Надал објави дека оди во пензија!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека ја завршува играчката кариера. Легендарниот Шпанец ќе се повлече по завршување на актуелната сезона. Последниот настап ќе го има на мечевите од Дејвис купот на турнирот во Малага кој ќе се игра во ноември. Својата одлука за пензија, Надал ја објави на социјалните мрежи.

„Здраво на сите. Овде сум да ве информирам дека се повлекувам од професионалниот тенис. Реалноста е дека тоа беше тешка година, особено последните две, каде што не можев да играм без ограничување. Очигледно, ова е тешка одлука за мене, ми требаше долго време да размислувам за тоа, но донесов одлука“, рече Надал во постираното видео.

Во пребогатата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, златен олимписки медал во 2008 година, а има и 36 титули на Мастерс 1000. Беше член на шпанскиот Дејвис куп тим кој ги освои титулите во 2004, 2008, 2009, 2011 и 2019 година. Тој беше дел од тениската „голема тројка“, заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

- Оглас -

Најнови вести