Репрезентацијата на Шкотска во сабота ѝ гостува на Хрватска во меч од Лигата на нации, но селекторот Стив Кларк, е во големи проблеми. За дуелот против „коцкестите“ не може да смета на дури 12 фудбалери.
Голем удар за шкотите е и повредата на првиот голман, Ангус Ган, кој брани за Норич, па на голот на Шкотска најверојатно ќе застане 41-годишниот голман на Хартс, Крег Гордон.
Хрватска ако сака да ја мине групата ќе мора да победи, а проблемите на Шкотска ги прават „коцкестите“ уште поголеми фаворити против селекцијата која и онака се без бодови во групата „1“ од дивизијата „А“ на Лигата на нации.