Сензација во Шангај: Алкарас елиминиран од Томаш Махач!

Чешкиот тенисер, Томаш Махач, направи првокласна сензација и го елиминира Карлос Алкарас во четвртфиналето на АТП турнирот во Шангај, Кина. Махач со победата му се придружи на Јаник Синер во полуфиналето, воедно и закажа пресметка против италијанецот за влез во големото финале.

Махач го доби дуелот кој траеше речиси два часа со максимални 2-0, откако двата сета ги доби во тај-брејк. Во првиот сет ниту еден од тенисерите не успеа да направи брејк, па чехот победи со 7-5 на поени за конечни 7-6.

Возбудливо беше и во вториот сет. Махач направи брејк во третиот гејм, но Алкарас возврати во шестиот. Сепак, брејкот кој значеше и конечни 2-0 за чешкиот тенисер дојде во 11-тиот гејм за водство од 6-5, а потоа и успешно одбранет сервис за конечни 7-5.

- Оглас -

Најнови вести