Холандскиот интернационалец во редовите на Јувентус, Теун Копмајнерс, има скршеница на ребрата од десната страна и ќе отсуствува од фудбалските терени три седмици. Ова го покажале дополнителните прегледи, откако на прв поглед се чинеше дека повредата не е сериозна.
Копмајнерс доби удар на дуелот против Каљари, па сега ќе ги пропушти натпреварите против Лацио, Парма и Интер во италијанската Серија А, но и мечот против Штутгарт во Лигата на шампионите.
Ваквиот тип на повреди бараат строго мирување, па холандскиот фудбалер ќе мора стриктно да се придржува до препораките на лекарите ако сака да се врати на терените после предвидениот рок за рехабилитација.