Шоу на Павилидис во чест на Болдок, Англија почна често да губи на „Вембли“ (Видео)

Грците сакаа да ја победат Англија во чест на нивниот покоен репрезентативец Џорџ Болдок кој беше всушност Англичанец со грчко потекло (баба му била Гркинка), и успеаја во тоа, славеа на „Вембли“ со 2-1.

Двата гола за нашиот јужен сосед ги даде Вангелис Павлидис, а играчот на Бенфика постигна уште два гола кои му беа поништени.

Кога Џуд Белингам погоди за 1-1 во 87-ма минута, Англичаните помислија дека може да останат непоразени, но Павлидис ги смрзна во 94-та минута после катастрофалната реакција на англиската одбрана.

За Англија ова е дури трети пораз на „Вембли“ во последните седум месеци. Губеа и на пријателски мечеви со Бразил и Исланд. Со овој пораз, Англичаните си ги искомпликуваа работите околу враќањето во елитната Лига А од Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести