Репрезентациите на Венецуела и Аргентина одиграа нерешено, 1-1, во меч од квалификациите за Светското првенство. „Гаучосите“ и покрај киксот остануваат на првата позиција на табелата, додека Венецуела е на седмата, позиција која води во дополнителниот плеј-оф.
Натпреварот го одбележа поплавениот терен, на кој речиси и да немаше услови за игра, па започна 30 минути подоцна од предвиденото. Аргентина поведе преку Николас Отаменди во 13-тата минута, додека конечните 1-1 ги постави Саломон Рондон во 65-тата минута.
Бразил со гол во 89-тата минута дојде до победата на гостувањето кај Чиле од 1-2 и се искачи до четвртата позиција на табелата со 13 бода. „Кариоките“ беа во незавидна позиција, но победија кога беше најпотребно.
Чиле дојде во водство уште во втората минута со голот на Едуардо Варгас, а израмни Игор да Крус во последната минута од првото полувреме. Фудбалерот на Ботафото, Луис Енрике, ја донесе победата во 89-тата минута.
Значајна победа забележаа и фудбалерите на Боливија, кои на домашен терен ја совладаа Колумбија со 1-0, додека Еквадор и Парагвај одиграа 0-0.