Жељко Обрадовиќ ја доби поддршката од останатите тренери со искуство во Евролигата, па ќе биде прв претседател на новоформираната Унија на кошаркарски тренери во Европа. Пабло Ласо, тренерот на Реал Мадрид,ќе биде потпретседател, додека Горан Шашиќ ќе биде извршен директор на асоцијацијата.
Унијата ќе биде претставена утре во Мадрид, а целта на формирањето е да се заштитат правата на тренерите во случаи кога добиваат откази од клубовите во коишт работат. Одлуката да се формира ваков вид заштита на тренерите е поттикната големиот број откази во изминатиов период. Речиси половина од 16-те учесници во Евролигата сменија тренери во текот на сезоната.