Германците се шегуваат со стадионот во БиХ: „Не играме често на вакви стадиони“ (Видео)

Репрезентацијата на Германија вечерва ѝ гостува на Босна и Херцеговина во меч од „А“ дивизијата на Лигата на нации. Натпреварот се игра на стадионот „Билино поле“ во Зеница, но германците не се баш задоволни што ќе мора да играат тука.

„Стадионот е шармантен. Немаме често можност да играме на вакви стадиони.“ – низ шега коментираше селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман.

Како што вели тој, главна грижа му е тревникот, бидејќи кабините и тушевите не го интересираат, бидејќи секако нема намера да се тушира тука.

За стадионот се шегуваше и Нубел, кој за германските медиуми изјави дека стадионот сепак е подобар од училишно игралиште.

Видеото од репортажата на германската телевизија може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести