Проблемите со повредите за фудбалската репрезентација ма Македонија продолжуваат и пред можеби клучното гостување во Лигата на нации, во Ереван против Ерменија.
После синоќешниот натпревар против Летонија на повреди се жалат и Стефан Ашковски кој има проблем со бутниот мускул, како и Висар Муслиу кој има болки во стапалото.
На двајцата треба да им бидат извешени детални прегледи, но најверојатно нема да бидат во можност да настапат против Ерменија.
Сепак, добри вести за селекторот е враќањето на Ѓоко Зајков и Никола Серафимов, кои ќе бидат во комбинација во Ереван.