Поранешниот германски напаѓач Лукас Подолски го одигра својот проштален натпревар пред 50.000 навивачи. Натпреварот се одигра на стадионот на Келн.
Подолски се прости во дрес со бројот 10, на 10-тиот ден од десеттиот месец годинава.
„Играч од светска класа ја напушта сцената“, рече спикерот на стадионот Мајкл Трипел. Подолски кој има 39 години, почна неконтролирано да плаче.
На натпреварот помеѓу Тим Подолски и Келн победи првиот. Подолски играше за „Тим Подолски“ во првото полувреме и го отвори резултатот на натпреварот. При резултат 5-0 по првото полувреме, Подолски ги смени тимовите и постигна гол и асистенција за Келн во вториот дел од средбата. Натпреварот заврши со победа на тимот Подолски со резултат 5-3.
По натпреварот, победникот на Светското првенство во 2014 година како дел од германската репрезентација доби овации од публиката, а врнеше и дожд.
Во мечот за паметење учествуваа голем број познати поранешни соиграчи на Подолски, меѓу кои Мануел Нојер, Матс Хумелс, Пер Мертезакер, како и тренерите Ханси Флик и Јоаким Лев.
No words needed. #effzeh #effZEHN pic.twitter.com/0KPJVgqyma
— 1. FC Cologne (@fckoeln_en) October 10, 2024