Ве чекаме брзо да се вратите: Фуријата со почесна гарда и аплауз за Родри и Карвахал (Видео)

Штета што наместо на фудбалски терен со копачки на нозете, Родри и Дани Карвахал се со патерици и нема да играат уште долго време, но тие и вака повредени се појавија на собирот на репрезентацијата, за што добија аплауз и „тунел“ од своите соиграчи од националниот тим.

„Почесна гарда за нашите шампиони. Ве очекуваме многу брзо во соблекувалната пријатели“, порачаа од Црвената фурија.

Брзо нема да биде, на двајцата искусни играчи и лидери на европскиот првак уште по минимум половина година ќе бидат надвор од терените, но важно е за нив да знаат дека имаат поддршка. Карвахал денеска беше опериран, и проценките е дека би заиграл после 8-10 месеци.

- Оглас -

Најнови вести