По четири и пол часовен лет, македонската фудбалска репрезентација пристигна во Ереван, главниот град на Ерменија.
Убаво е расположението кај фудбалерите кои вчера со 3:0 ја победија Летонија во Рига и со тоа тоа се зацврстија на првото место во групата од Лигата на нации.
Македонија в недела ќе игра против Ерменија, дуел кој може да биде решавачки во трката за освојување на првото место во групата. Нашата репрезентација е прва во групата со седум бодови, а Ерменија е втора со четири.