БиХ немаше сили да ја изненади Германија, Холандија се спаси од пораз во Унгарија

Германија победнички си замина од гостувањето во Зеница кај Босна и Херцеговина, откако беше подобра со 2:1, во меч од Лигата на нации. Напаѓачот на Штутгарт Дениз Ундав е херојот на гостите, постигнувајќи ги двата гола уште во првото полувреме.

Ундав прво погоди во 30 минута, потоа следуваше пречка на БиХ во 35 минута, а само една минута подоцна, повторно Ундав погоди за 2:0 за Германија. Во второто полувреме Босна и Херцеговина тргна поофанзивно и тоа се исплатеше кога Един Џеко погоди во 71 минута за 1:2. се обидуваа домаќините да дадат и втор погодок и да се спасат од пораз, но искусните гости ја крајот ја сочуваа победата.

Унгарија може да жали што не ги освои трите бода во дуелот против Холандија, во дуелот кој на крајот заврши нерешено 1:1. Салаи погоди за радост на домаќините во првото полувреме, а проблемите за Холандија продолжија и кога Ван Дајк доби црвен картон во 76 минута. Сепак, Лалињата не се предадоа и со играч помалку успеаа да израмнат со голот на Думфрис во 83 минута.

Во мечевите од Б и Ц сегментот вечерва беа постигнати следните резултати: Чешка – Албанија 2:0, Исланд – Велс 2:2, Турција – Црна Гора 1:0, Украина – Грузија 1:0, Естонија – Азербејџан 3:1, Словачка – Шведска 2:2.

- Оглас -

Најнови вести