Барселона до 2025 година ќе му плаќа на Лионел Меси

Лионел Меси повеќе од 20 години беше дел од Барселона, а во 2021 година реши дека е време да си замине од каталонскиот гигант. Аргентинскиот виртуоз потпиша со Пари Сен Жермен каде помина две сезони, за да во 2023 година направи трансфер во Интер Мајами.

Иако три и пол години е заминат од Барселона, каталонскиот гигант уште му плаќа на Меси. Според „Мундо Депортиво“, каталонскиот гигант ќе треба да продолжи да му плаќа на Меси заостанати плати до 2025 година. Поради финансиските проблеми, Барселона остана должна и на Жорди Алба и Серхио Бускетс кои се согласија заостанатите плати да ги добиваат на рати.

Интересно е дека сите тројца, Меси, Алба и Бускетс сега повторно играат заедно во тимот на Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести