Синер во финале, го чека Ѓоковиќ

Јаник Синер стана првиот финалист на Мастерсот во Шангај, откако го совлада Чехот Томаш Махач со 6-4, 7-5, и со ова Синер дефинитивно никој не може да го стигне до крајот на годината и 2024 ќе ја заврши како првопласиран на АТП листата.

Махач кој сензационално го елиминираше Карлос Алкараз во претходното коло, немаше сили за уште едно чудо, иако даваше отпор еден час и 44 минути. 

Синер ќе се обиде да стане првиот тенисер од 2018 година кој освоил три титули на Мастерс турнирите во една сезона, а тоа последен пат го постигна Рафаел Надал.

Во утрешната битка за трофејот најверојатно ќе има спектакл од соништата меѓу Синер и Новак Ѓоковиќ, но Тејлор Фриц се уште го нема кажано последниот збор и би можел да му се одмазди на Србинот за поразот на САД опен. Сепак според квотите, Ѓоковиќ е голем фаворит за победа.

- Оглас -

Најнови вести