Ал-Хилал бара „дупка“ во договорот со Нејмар, сонот им е да го купат Винисиус

Нејмар почна со тренинзи и би требало да се врати на терените на крајот на месецот и со тоа да ја заврши едногодишна пауза поради повреда на лигаментите на коленото, но официјални натпревари веројатно нема да игра до крајот на 2024 година.

Неговиот клуб Ал-Хилал нетрпеливо го чека враќањето на својата најголема и најскапо платена ѕвезда, но и фантазира да донесе нова која ќе го замени. Богатиот клуб од Саудиска Арабија веќе ја потцрта следната цел, а тоа е Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.

Напаѓачот на Реал моментно заедно со Ерлинг Халанд се играчи со најголема вредност во светот, веројатно Бразилецот ќе биде добитник на „Златната топка“, и тој е сонот на саудискиот фудбалски првак.

Во Ал-Хилал би можеле да се откажат од Нејмар и тоа ќе го сторат доколку успеат да најдат „дупка“ во неговиот договор за да ја раскинат соработката.

Реал го има врзано Винисиус со договор до летото 2027 година и има клаузула за обештетување во висина од една милијарда евра.

- Оглас -

Најнови вести