Ѓоковиќ дојде на чекор од 100-тата титула, спаси сет-топка и му одржа лекција на Фриц

Новак Ѓоковиќ го победи Тејлор Фриц со 6-4, 7-6, и се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Шангај, каде ќе се сретне со лидерот на АТП листата, Јаник Синер.

Српскиот тенисер ако го победи Синер, ќе дојде до бројка од 100 освоени турнири во блескавата кариера. Ова му е 59-то финале на Мастерс 1000 турнирите.

Во првиот сет против Американецот Фриц, Ѓоковиќ одигра рутински и со еден брејк го скрши отпорот на противникот. Во вториот сет, Фриц не загуби ниту еден гејм на свој сервис, а во тај-брејкот, Фриц имаше предност од 5-3 и сет-топкја при 6-4, но не ја искористи. Следуваше она што е видено безброј пати досега, кога нема да ја искористите шансата која ви ја нуди Новак, следува казна и пораз.

- Оглас -

Најнови вести