Шпиунски скандал, Манчестер јунајтед бил прислушуван

Британските медиуми објавија дека соблекувалната на Манчестер јунајтед на „Вила Парк“ во Бирмингем била озвучена, а „шпиунот“ поставил „бубачки“ два дена пред натпреварот Астон била – Манчестер јунајтед одигран на 6-ти октомври.

Верувале или не, човекот кој сакал да ги прислушкува разговорите на менаџерот Ерик Тен Хаг со неговите фудбалери бил навивач на Јунајтед.

„Ова е шокантно нарушување на безбедноста и ќе се постават некои сериозни прашања за тоа како можело да се случи ова. За среќа, немаше ништо злонамерно во овој инцидент. Тоа бил шегаџија, навивач на Јунајтед, кој само сакал да слушне што е тоа што се зборува меѓу четирите ѕида. Сепак, ова е причина за сериозна загриженост, бидејќи останува прашањето како се нашол во соблекувалната на еден од најголемите клубови неколку дена пред натпреварот“, вели изворот на весникот „Сан“.

Новинарите на „Сан“ ги добиле снимките и ги слушале, но не објавуваат детали.

Астон Вила покренала истрага за случајот бидејќи двапати неовластено лице им влегло во гостинската соблекувална што не е баш пријатно и покажува слаба безбедност.

- Оглас -

Најнови вести