Ѓоковиќ: Не сакав да има трети сет, во финалето против најдобриот одам по 100-тата титула

Новак Ѓоковиќ обезбеди борба за јубилејниот 100-ти трофеј во кариерата, по победата над Тејлор Фриц, истакна дека не му било лесно.

„Не е лесно, имам некои повремени физички проблеми на теренот, но некако успеав да ги надминам. Ова беше многу голем тест. Тејлор е во животна форма, играше финале на гренслем, игра навистина добро на тврда подлога, одлично сервира и знаев дека ќе биде голем тест. Драго ми е што завршив во два сета, не сакав мечот да оди во трети сет“ – рече Србинот.

Новак додаде дека сака да игра во Кина, а неговиот ривал во финалето, Јаник Синер, го нарече најдобар на светот.

„Дојдов во Шангај по пет години без да играм во Кина. Ова е место каде отсекогаш сум имал многу успеси. Поддршката што ја добивам овде е феноменална и многу сум благодарен, ми дава енергија да продолжам. Дојдов оваа година да стигнам до финалето и да ја барам таа 100-та титула. Ќе имам шанса против најдобриот на светот, се надевам на најдоброто“, изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести