Претседателот на Бразил бара во репрезентацијата да нема играчи од европските клубови

Бразилскиот претседател Лула, даде необичен предлог во врска со фудбалската репрезентација на неговата земја.

Според политичарот, тимот треба да биде составен од играчи кои играат во својата татковина, а не во Европа или Саудиска Арабија. Лула откри дека се сретнал со Едналдо Родригес, претседател на Бразилската фудбалска конфедерација, за да му предложи да повика само играчи кои играат во Бразил.

„Оние кои играат во странство не се подобри од оние што играат овде. Неопходно е да им се дадат можности на локалните играчи“, изјави претседателот на Бразил.

Во победата на Бразил над Чиле од 2-1 од пред некој ден, двата гола ги постигнаа играчи кои настапуваат за Ботафого од Рио де Жанеиро.

„Ги препознав само голманот (Едерсон од Манчестер сити), дефанзивецот од ПСЖ (Маркињос), Родриго (Реал Мадрид) и Рафиња (Барселона). Надвор од бразилското првенство немаме ниту Гаринча, ниту Ромарио, туку само млади играчи кои уште не се ѕвезди“, смета Лула.

- Оглас -

Најнови вести