Мислам дека им должиме на навивачите по поразот во Скопје, утре фудбалерите ќе излезат на терен за да остварат одмазда, рече ерменскиот селектор Алекснадар Петраков на прес-конференцијата пред дуелот со Македонија.
Украинскиот стручњак Петраков смета дека не заслужиле пораз во Скопје од 0-2.
„Утре ќе биде доста интересен натпревар. Им должиме на навивачите. Во Македонија имавме лош меч, утре фудбалерите ќе излезат на терен и ќе се обидат да направат реванш за тој пораз. Мислам дека не заслуживме да загубиме во Скопје. Во првите 20 минути од натпреварот против Македонија игравме доста агресивен фудбал. Потоа тактички погрешивме малку, се повлековме, и дојде тој несреќен гол од слободен удар“, изјави Петраков.
„Разговарав со момците, редовно ги советувам да играат агресивен фудбал. Јас велам дека играат многу меко. Треба да играат така што противниците ќе се плашат од Ерменија. Се обидувам да ги натерам да веруваат во себе“, додаде Петраков.