Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) во Ереван ќе игра против Ерменија, меч кој веројатно е и директен дуел за првото место во групата Ц од Лигата на нации. По триумфот од Летонија (0-3) македонските репрезентативци имаат голема самодоверба и за пресметката против Ерменците.
Голманот Столе Димитриевски посакува и на овој дуел да ја сочува мрежата мирна.
„Секој натпревар е приказна за себе, но мојата обврска и задача е да ја чувам мрежата. Секако, со помошта и од соиграчите. Верувам дека и утре противникот ќе остане на „нула“. Ако е ова еден вид бараж за нас, тогаш нека биде како во Грузија кога се пласиравме на ЕП и сите ќе бидеме среќни. Подготвени сме и се надеваме на најдобро“, истакна репрезентативниот голман на прес – конференцијата во пресрет на мечот.