Кошаркарите на Партизан забележаа уште една убедлива победа во Јадранската АБА лига, откако на гостувањето во Подгорица го победија составот на Студентски центар со 60-80. „Црно-белите“ со оваа победа први дојдоа до ефект од четири победи на четири меча, а шанса за такво нешто ќе имаат и екипите на Будуќност и Мега, кои допрва треба да ги одиграат своите натпревари.
Партизан уште од почетокот на мечот наметна ритам и на противникот му дозволи само во третата четвртина да биде конкурентен и да ја добие со 15-12. Убедливата победа беше обезбедена во последниот период, кој кошаркарите од Белград го добија со 22-10.
Керлик Џонс со 19 поени беше најефикасен на мечот, а во редовите на Партизан двоцифрен ефект уште имаа и Линдберг (13) и Дејвис (10).