Меси пред повеќе од три години си замина од Барселона, но „каталонците“ се уште му даваат плата!

Поминаа повеќе од три години откако Лионел Меси со солзи во очите се поздрави со Барселона, екипата во која мина 20 години. Аргентинецот тогаш направи трансфер во ПСЖ, а причината за заминувањето беше тешката финансиска состојба на клубот.

Меси, заедно со Жорди Алба и Серхио Бускетс, тогаш се откажаа од парите кои им ги должи Барселона, но „каталонците“ се обврзаа да им ги исплаќаат на рати. Така Мести, Алба и Бускетс се уште добиваат „плата“ од Барселона, односно добиваат средства од репрограмираниот долг. Се работи за сума од околу 12 милиони евра.

Според финансиските извештаи, Барселона веќе излегува од финансиската криза, а ова е последната година во која се исплаќаат заостанатите плати на фудбалерите.

„Каталонците“ во еден период беа во минус од 516 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести