Фудбалерите до 19 години убедливо загубија од Словачка, но се уште имаат шанси за пласман во следниот круг

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години загуби убедливо од Словачка со 3-0 на вториот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Словаците прашањето околу победникот го решија уште во финишот од првото полувреме, откако набрзина дојдоа до водство од 2-0. Дикос во 34-тата минута донесе водство за Словачка од 1-0, а Синанов со автогол во 38-мата минута ги постави конечните 2-0 на паузата. Во второто полувреме Словачка постигна уште еден гол преку Петрушка во 67-мата минута, со што ги постави конечните 3-0.

Македонија во првото коло одигра 2-2 против Летонија, но се уште има шанси за пласман во следната фаза. За такво нешто ќе ни биде потребна победа над домаќинот на турнирот, Луксембург, во последното коло, но и помош од Словачка, која не смее да загуби од Летонија.

- Оглас -

Најнови вести