Првиот директен удар во рамките на голот на Ерменија, македонската репрезентација го упати во 62 минута. Тоа се случи по фаулот кој беше направен на 20-тина метри од голот на домаќините, а кој друг, ако не Енис Барди, ј превзема одговорноста да шутира.
Капитенот на Македонија упати силен шут кој одеше во рамките на голот, но голманот на Ерменија, Чанчаревиќ со крајни напори одбрани. На одбиената топка натрча Дарко Велковски, кој иако беше на само еден метар од голот, лошо ја зафати топката и наместо да ја сврти кон голот, шутираше непрецизно.
Свои шанси имаше и Ерменија, посебно на почетокот на второто полувреме кога шутот на Миранјан, со одличен рефлекс го одбрани Столе Димитриевски. Домаќините имаа уште неколку шанси за погодок, но Димитриевски во сите ситуации беше подобар.