Фудбалската репрезентација на Ерменија и вторпат доживеа пораз од Македонија, и повторно со 0-2, и во Ереван како и во Скопје. Бојан Миовски во 72-та минута го отвори резултатот, а триумфот го потврди Исник Алими. Двата гола беа фантастични.
Селекторот на Ерменија, Олександр Петраков, секако не беше задоволен од резултатот и од играта на својата селекција.
„Сакавме да бидеме агресивни на почетокот и да наметнеме свое темпо за да оствариме победа. Но, Македонија успеа тоа да го издржи, а во финишот примивме два гола и загубивме. Македонските фудбалери имаат квалитет, го покажаа тоа, а ние можеме да жалиме затоа што не ги реализиравме нашите шанси“, изјави Олександр Петраков на прес – конференцијата по мечот.
–