Англија со 3:1 победи на гостувањето кај Финска и останува во трка за првото место во групата од Лигата на нации. Гордиот Албион пред три дена беше шокиран откако на „Вембли“ загуби од Грција со 1:2, но некогашниот светски првак не дозволи ново непријатно изненадување за нив.
Џек Грилиш погоди за 1:0 во 18 минута, а најубавиот погодок го постигна Трент Александер-Арлонд. Бекот на Ливерпул со перфектен шут од слободен удар погоди за 2:0 во 74 минута. Рајс даде гол за 3:0, а во финишот, домаќините постигнаа почесен погодок.
Интересно е дека пред Трент да го изведе слободниот удар од кој постигна гол, неговиот соиграч од националниот тим Џек Грилиш му дал дополнителен мотив за да погоди со тоа дека ќе го почасти 500 фунти.
„Пред да го изведе слободниот удар на Трент му реков дека ако постигне гол, ќе му дадат 500 фунти. Шутна и погоди во аголот“, откри Грилиш, кој сега треба да го исполни ветувањето.