Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е презадоволен од освоените максимални шест бода од двете гостувања кај Летонија и Ерменија.
По завршување на дуелот во Ереван, во соблекувалната на нашата репрезентација, Милевски рече дека никогаш немал пократок говор и кажа само една реченица упатена кон фудбалерите.
„Вие не сте нормални“, им рече Милевски на играчите, а потоа следуваше ерупција од радост во соблекувалната.