Ф. Острови и Летонија ремизираа, Македонија слави и „скока“ скалило погоре во Лигата на нации

Фарски острови и Летонија ремизираа 1:1 во меч од четвртото коло во Лигата на нации, во групата во која е и Македонија.

За Фарски острови ова беше трето реми во третиот меч на домашен терен во групата. Тие поведоа со погодокот на Соренсен во 40 минута, а Летонија израмни во 69 минута кога погоди Ситс.

https://twitter.com/i/status/1845559867790045240

Ова реми значи дека Фарски острови и дефинитивно немаат шанси да се борат за првото место во групата, додека за Летонија остануваат само со теорија, бидејќи имаат четири бода, дури шест помалку од лидерот Македонија.

Летонија дома загуби од Македонија со 3:0 што значи дека на гостувањето во Скопје на 14 ноември ќе мора да брка победа најмалку од три разлика, што е речиси невозможно.

Дури и тоа да се случи Летонија во Скопје да победи со три или повеќе голови предност, во последното коло од групата Македонија дома игра со Фарски острови и ќе мора да загуби, а Летонија дома да ја победи Ерменија.

Едноставно ова се неверојатни комбинации, што значи дека Македонија веќе може да го слави пласманот во Б сегментот од Лигата на нации за следниот циклус.

- Оглас -

Најнови вести