Кристијано Роналдо ја претстави колекцијата на часовници со негов потпис вредни 1.2 милиони евра (Фото)

Кристијано Роналдо и произведувачот на часовници „Jacob&Co“ ја претставија новата колекција на часовници со потписот на Кристијано Роналдо. Часовниците вредат 1.2 милиони евра и се инспирирани од кариерата на Кристијано Роналдо. Освен португалецот, на часовниците го има и неговиот потпис, фудбалска топка и заштитниот знак на Кристијано Роналдо „CR7“.

Двата часовници изгледаат навистина импресивно и сигурно ќе бидат дел од многу колекции на оние кои можат да си ги дозволат. Соработката на Кристијано Роналдо и „Jacob&Co“ трае уште откако португалецот се појави на фудбалските терени како млада фудбалска сензација, а сега прерасна и во нешто поголемо, односно во бизнис.

- Оглас -

Најнови вести