Фудбалската репрезнтација на Македонија во следното издание од Лигата на нации, ќе игра во Лига Б, која е скалило погоре од Лига Ц во која сме сега, и тоа ќе донесе мечеви со поквалитетни противници.
Но, иако може веќе да се каже дека Црвено-жолтите сигурно ќе го освојат првото место во својата група со Ерменија, Летонија и Фарски острови, постои една луда, екстремно тешко остварлива теорија која може да го спречи македонскиот тим во својата намера да го запечати првото место.
Што треба да се случи во последните две кола за да не бидеме први?
Потребно е следниот месец да загубиме дома од Летонија со 4 голови разлика, потоа да загубиме дома и од Фарски острови, и на крај Летонија да ја победи Ерменија. Не е реално.